Голема акција: Полицијата влезе во неколку села во Тетово
оголема количина опрема и други материјали за нелегално приредување игри на среќа биле пронајдени и одземени при заедничката акциска контрола на полицијата и Управата за јавни приходи во три објекти во Тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Контролите биле спроведени викендов, од 16 до 19 часот во еден објект во Тетово, Теарце и Доброште, во кои нелегално се приредувале игри на среќа.
- Во трите објекти без фирма, чии сопственици се идентификувани пронајдени и со потврда одземени се 13 телевизори, 6 компјутерски куќишта, 8 монитори, 4 тастатури, 3 апарати за игри со кучиња, исто толку баркод читачи, 4 мали печатачи, 3 мауси, 3 далечински управувачи и по 1 принтер и рисивер. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со работењето на трите објекти, по што против нивните сопственици ќе следуваат соодветни поднесоци по Законот за приредување игри на среќа, член 156 став 2, изјави Јосифовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет