-->
-->
Голема антитерористичка акција на МВР во Скопје, Струга и Куманово
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2015/august/bb1.jpg?itok=DqILxnyL)
Македонската полицијата во моментов спроведува голема антитерористичка акција на повеќе локации во Македонија против припадници на ИСИЛ во земјава.
Според првичните информации, акцијата е насочена и против лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации. Полицијата врши претреси и апсења во повеќе градови. Во Скопје, Струга и Куманово уапсени се неколку лица, но во тек се и претреси во објекти во Гостивар и други локации.
Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница.
Од МВР ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден по завршувањето на големата акција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат