Голема количина отпад изваден од дното на Охридското Езеро кај Радожда

Автомобилски гуми, покуќнина, санитарија, пластика, се само дел од отпадоците извадени викендов од дното на Охридското Езеро во близина на струшкото село Радожда во подводната акција на клубовите за подводни активности „Норкач“ од Струга, „Езерски Пулс“ и Нуркачки центар „Скаут“, како и нуркачки клубови и волонтери.
Според Ристе Талевски од клубот за подводни активности „Норкач“, волонтери и љубители на природата повторно се обединиле со заедничка цел, зачувување на езерото и неговата природна убавина.

Забележува дека свеста кај населението е на незавидно ниво и оти она што е извадено од езерското дно е разочарувачки. Според него, огромни количини, пластика, стакло, метал, гуми, покуќнина, санитарија и друг несоодветно фрлен материјал бил изваден од езерското дно.
- Охридското Езеро е наше национално богатство, кое бара постојана грижа. Да не дозволиме да го уништиме она што природата го создавала со милениуми. Одговоноста е на сите, да не загадуваме и да ги поддржуваме еко-иницијативи. Да бидеме дел од промените, рече Талевски.
Во акцијата учествувале над 100 нуркачи и волонтери од земјава и соседна Србија, давајќи свој придонес во создавање почиста и поздрава околина.
Ново на Сител
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
-

Лицата со ретки болести бараат континуитет во терапијата
-

Радев апсолутен победник на изборите во Бугарија
