Голема полициска акција во Белгија против организираниот криминал
– Белгиската полиција рано утрово почна голема операција против организираниот криминал низ целата земја, објави белгиското федерално обвинителство.
Околу 200 претреси во кои учествуваат повеќе од 1.200 полицајци беа организирани истовремено низ целата земја со 11,5 милиони жители, соопшти канцеларијата.
Портпарол на обвинителството рече дека претресите почнале околу пет часот наутро.
Локалната телевизија РТБФ јави дека претресите се вршат главно во областа Антверпен, а истражителите се насочени кон шверцери на дрога и мрежа со меѓународни врски.
– Ова е една од најголемите операции некогаш организирани на белгиска територија во однос на бројот на инволвирани лица, изјави портпаролот на обвинителството.
Со илјадници контејнери кои пристигнуваат секој ден во Антверпен, тоа белгиско пристаниште е едно од главните преку кои кокаинот влегува во Европа. Трговијата со дрога неодамна доведе до зголемување на насилството, со чести вооружени конфликти.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
