-->
-->
Голема тага: Почина познатиот актер кој 30 години ги бараше своите биолошки родители
-->

Шведскиот актер Микел Никвист почина во 56. година од рак на белите дробови.
Актерот се прослави во улогата на новинарот Микел Блумквист во трилогијата „Девојката со тетоважа на змеј“.
-Со тага ве известуваме дека нашиот драг Микел засекогаш не напушти. Шведскиот актеор кој постигна светска слава отиде тивно, опкружен со најмилите, откако година дена се бореше со суровата болест, се наведува во соопштението на неговиот менаџер.
Никвист глумеши и во неколку познати холивудски филмови меѓу кои „Невозможна мисија“ и „Џон Вик“. Зад себе остави сопруга и две деца.
Никвист во 2010 година дебитираше како писател на автобиографски мемоари во кои ја опиша 30-годишната потрага по своите биолошки родители, откако бил посвоен како бебе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
