Голема трагедија за Србија: Две репрезентативки загинаа во тешка сообраќајна несреќа
Во тешка сообраќајна несреќа која се случи во Србија, кај местото Ковачица загинаа две државни шампионки во бодибилдинг.

Во несреќата загинаа 48-годишната Бранислава Јовановиќ и 16-годишната Милица Беслаќ, шампионки на Србија во бодибилдинг и мајката на Милица Беслаќ, а нејзиниот татко е тешко повреден.

Несреќата се случила кога натпреварувачките се враќале од Светското првенство во Романија.
До трагедијата дошло кога се судриле автомобил марка „Волксфаген бора“ од Сомбор и камион „МАН“ со регистраски таблички на Нови Пазар.

Бранислава Јовановиќ е најдобрата и најпознатата српска бодибилдерка, а на шампионатот во Романија го освои четвртото место. Била повеќекратна балканска шампионка во физик категоријата.

Милица Беслаќ во 2015 година била прогласена за најдобар млад спортист на Апатин. Била балканска шампионка за натпреварувачки до 16 години. Пре две недели станала и шампионка на Србија.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
