Голема загуба за народната музика: Замина големиот мајстор на кларинетот

Познатиот српски кларинетист Божидар Боки Милошевиќ почина синоќа во болница во Белград во 87. година.
Милошевиќ беше шеф на Народниот оркестар на РТС, професор во Музичкото училиште „Јосип Славенски“ и член на Белградската филхармонија.
Божидар Боки Милошевиќ е роден во Прокупље во 1931 година, а со музика почнал да се занимава од 1950 година, кога благодарение на славниот виолинист Властимир Павловиќ Варевац почнал да свири во оркестарот на Радио Белград. Дипломирал и магистрирал на Музичката академија во Белград.
„За многумина беше уметник, за нас „само“ нашиот тато“, објави на својот Фејсбук профил по повод смртта на таткото, ќерката на Боки, Гордана Јовиќевиќ.
Добитник на е многубројни награди и признанија, а меѓу нив и Наградата за животно дело за севкупен и исклучителен придонес за зачувување на српската култура и традиција, која му ја додели Здружението за негување на традицијата и зачувување на оставштината на Ниш.
Зад него останаа четири деца од кои тројца успешно се занимаваат со музика. Синот Милан исто така е кларинетист и живее во Вакувер, а ќерките Ксенија и Тијана се концертмајстори на Белградската Филхармонија.
Ново на Сител
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
