Големиот број болни од Ковид-19 резултираше со изолација на осум одделенија кај основците во Тетово
Бројот на активно болни и луѓе во изолација поради Ковид-19 надминува 1.000, а поради големиот број случаи во изолација се и цели училишни одделенија, покажуваат најновите податоци кои ги објави Кризниот штаб при општина Тетово по денешниот најнов состанок околу справувањето со епидемијата.
-Во објектите на градинката „Младост“ има осум активни случаи и три групи деца во домашна изолација. Во основните училишта има 22 позитивни наставници и осум одделенски групи во изолација на територија на општина Тетово. Вкупно има 20 позитивни наставници во средните училишта, а процесот на учење на далечина се одвива според планот, првото оценување на учениците е во тек, а се очекува да заврши на 20 ноември, изјави Теута Арифи, градоначалник на Општина Тетово.
До денеска во тетовскиот регион се бројат 1060 активно болни, 129 починати и вкупно 3159 дијагностицирани. Воедно во изолација се 1465 лица.
-Во Клиничката болница во Тетово се прифаќаат за лекување главно пациенти со потешка клиничка слика на кои им е потребен третман и кислородна поддршка. Во моментот, 49 лица се хоспитализирани на инфективното одделение, кои го добиваат потребниот здравствен третман, изјави Арифи.
Според неа, во Клиничката болница и покрај критичната епидемиолошка состојба добри се условите за работа.
-Клиничкиот центар во Тетово и покрај тешката епидемиолошка состојба и постојаниот обем на работа, продолжува да обезбедува други услуги од секундарната медицина за граѓаните на Тетово и пошироко, рече Арифи.
Во текот на изминатите седум дена, според податоците од СВР Тетово, за неносење заштитни маски издадени платни налози за вкупно 420 лица.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп