Гонзалез: Мора да се подобриме во иднина
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез по вчерашната победа над Турција на стартот на квалификациите за Европското првенство 2020 година, изјави дека „црвено-жолтите“ не одиграле најдобар натпревар и дека треба да покажат подобра игра во иднина.
– Не одигравме цел меч како што знаеме. Мора да се подобриме во иднина. Одбраната беше задоволувачка, но не ми се допадна играта во напад. Направивме многу технички грешки, а пропуштивме и шанса да имаме многу помирен меч на крајот. Од утре почнуваме да размислуваме за Грција, но не смееме да се опуштаме. После овој меч ќе правиме анализи и калкулации за ситуацијата во групата, изјави Раул.
Капитенот Кирил Лазаров не ја криеше лутината веднаш по крајот на мечот, откако пред новинарите изјави дека ова беше „еден од најлошите мечеви кои ги има одиграно оваа репрезентација во последните десет години“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ