Горивата поскапуваат од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,39, односно за 2,09 отсто.
Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,375 денари.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-

„Транспаренси Интернешнл“: 14 европратеници не го пријавиле износот на дополнителните приходи
-

Македонските ракометари го добиваат ривалот за баражот за Светското првенство 2027
-

Писториус: На САД им е потребна Европа
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

ФБИ ја презеде истрагата за убиството на Алекс Прети, Министерството за правда на САД отвори федерален предмет
-

31 јануари - ден на свети Танасиј, голем борец за вистинското православие
-

Облачно со локален дожд, на планините снег
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
