Горивата поскапуваат за половина денар

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата поскапуваат за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС - 98, 72,50 денари, на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65 денари, а на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,042 денари за килограм и ќе изнесува 33,649 денари.
Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 проценти во однос на одлуката од 22-ри месецов.
- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908 проценти, кај дизелот за 1,970 проценти, кај екстра лесното масло за 1,282 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 5,201 процент. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801 процент, наведува РКЕ во образложението за новата цена на нафтените деривати.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
