Гостивар: Мртовечки ковчези за починати од Ковид-19 расфрлени низ депонијата Русино

„Мизерно, па по мизерно не може да биде!“, „ Морбидно и недостоинствено“, „Без почит најпрво кон лугето кои се живи, а потоа и кон оние кои починале“, се дел од коментарите на Фејсбук, каде се постирани слики од депонијата Русино, во која се фрлени и мртовечки сандуци. Во групата „Чист Гостивар! Стоп за депонија Русино! Чист воздух за Гостивар“ постојано се споделуваат слики од она што им се случува на гостиварци, каков воздух дишат и за негрижата на институциите.

Во видеото што двајца гостиварци го снимиле се гледа мртовечкиот сандук, кој го отворија а внатре беше сместен уште еден лимен, кој се користи за заразените од Ковид-19, но и за авионски трнаспорт на починат. Сандукот е празен и не се знае дали е заразен или не.
-Институциите спијат, локалните власти спијат, јавниот обвинител спие, вели член на групата.
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
