-->
-->
Гостиварец и тројца Италијанци се сомничат за незаконит лов во Националниот парк Шар Планина
-->
– Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача вчера во 09:30 часот приведе четворица ловокрадци во Национален парк „Шар Планина“.
Како што информираат од Министерството лишени од слобода се А.Н.(59) од с.Градец, гостиварско и .А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија.
-При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 патрони муниција, а кај Г.Б. била пронајдена ловечка пушка „Бетинсоли“ и 21 патрони муниција, за кои не поседувале документи.
Лицата биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?