Гостиварец криел марихуана во бањата

Полицијата при претрес на домот на гостиварецот А.Џ. синоќа открила поголема количина марихуана. Сопственикот за време на претресот не бил дома и по него се трага, информираат од СВР Тетово.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, полициски службеници синоќа од 20 до 21 часот, со судска наредба извршиле претрес во домот и помошни простории на А.Џ. (44) на улицата „18 Ноември“.
При претресот на двокатната куќа, во бањата на првиот кат до кадата, пронајдени се осум најлонски пакувања со непозната зелена тревлива материја, најверојатно марихуана, ставени во картонска кутија, со вкупна тежина од околу десет килограми.
- Пронајденото е фотодокументирано и со потврда одземено од неговата сопруга, која присуствувала на претресот, по што е испратено на вештачење, вели Јосифоски.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
