ГП Богородица не е загрозен од пожарот, функционира нормално
Пожарот, што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин Богородица, не ја загрозува сообраќајната фреквенција на граничниот премин која се одвива нормално и без прекин, соопштија од граничната дежурна служба.
Во попладневните часови состојбата со сообраќајната фреквенција е секогаш порелаксирана поради помалата гужва така што нема поголеми задржувања од петнасетина минути.
Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.
Доколку не се случи промена на правецот на ветрот нема да бидат загрозени граничната караула на АРМ, казиното „Фламинго“ ГП Богородица и бензинските пумпи на „Макпетрол“ и „Шимов“ во близина на мекедонско-грчката граница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет