ГП Стрезимир-Рестилица ќе биде отворен од 18 јули до 1 септември
Граничниот премин Стрезимир-Рестилица на македонско-косовската граница, од 18 јули до први септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји, информираше за МИА Медат Куртовски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.
Преминот ќе биде отворен секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил).
– Благодарение на министерот Оливер Спасовски и овој летен период повторно ќе можеме да се движиме и дружиме со нашинците од Гора и се надеваме дека овој граничен премин во блиска иднина ќе биде функционален преку цела година во интерес на двете страни. Овој премин ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен, потенцира Куртовски.
Со залагање на Куртовски, преминот кој подолг период воопшто не функционираше, беше отворен во истиот перод 2018, потоа и следната година, додека лани поради пандемијата не беше отворен.
– Како општина ќе продолжиме со активно лобирање за постојано функционирање на овој граничен премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Македонија-Албанија- Косово, посочи Куртовски.
Преминот Стрезимир-Рестилица, како привремен, официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Но, поради несоодветната патна инфраструктура, фрекфенцијата беше минимална.
Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора бараат преминот да има постојан граничен режим, што значи да биде отворен 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка