Грабар-Китаровиќ: Времето за избор на нова Влада истекува

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ најави дека за следниот вторник закажала нова, четврта, рунда консултации со лидерите на парламентарните партии и независните пратеници во Хрватскиот сабор, околу изборот на мандатар за состав на новата Влада на Хрватска.
- Времето за избор на нова Влада истекува. Нема да дозволам никакви одолговлекувања кои би предизвикале несогледливи негативни последици по стабилноста на земјата. Затоа ќе одржам нова рунда консултации на 22 декември во претпладневите часови, изјави синоќа Грабар-Китаровиќ во своето обраќање до нацијата.
Како што јави Хина, хрватската претседателка изминативе два дена одржа серија консултации со парламентарните партии, но и со правни експерти, посветени на постигнување договор за формирање парламентарно мнозинство за избор на нова Влада, кои не вродија со плод.
Грабар-Китаровиќ во обраќањето нагласи нејзина надлежност како претседател е да ги штити Уставот и демократските вредности, па затоа нема „да нема никому да дозволи да се игра игри со државата“.
Таа информира дека во понеделниот организрала средба на лидерите на двата најголеми коалициски блокови - Татковинската колаиција и Хрватска расте, во обид да ги приближат своите ставови околу формирањето на новата Влада.
- За жал, по се изгледа, нема можност за договор и за единство кое сега ни е толку многу потребно, потенцира Грабар-Китаровиќ.
Според неа, единството не претставува „политичко едноумие, тука само ќе покаже дека најголемите блокови имаат се доволно одговорни за да ги надминат меѓусебните разлики во интерес на државата“.
- На Хрватска и е потребна одговорност, умерност и здрав разум, истакна Грабар-Китраовиќ, изразувајќи надеж дека во следниве денови ќе биде постигнат договор за формирање влада.
Ново на Сител
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
