Балкан
4. April 2016 - 17:39

Грабеж во МВР: Украдени два килограми злато и 280.000 евра

Непознати сторители синоќа провалиле во канцеларијата на  началникот на службата за организиран криминал, Жељко Долачки, во зградата на хрватското МВР, во улицата „Хеинзелова“ и украле два килограма злато и 280.000 евра, дознава весникот „Јутарњи лист“.

Утринава бил пронајден сефот на началникот, превртен и отворен, а сторителот или повеќето сторители на вториот кат од зградата влегле преку надворешните противпожарни скали.

Се уште не е познато дали освен пари и злато се украдени и доверливи документи.

Информацијата за кражбата за „Јутарњи лист“ ја потврди  и загрепската полиција. Инаку, на влезната врата од зградата има 24-часовно полициско присуство.

Увидот е во тек, а се дознава дека на местото на настанот се наоѓа и екипа од  Државното обвинителство.