-->
-->
Грабнатиот албански брод пронајден во Александрија
-->
Врз основа на меѓународн потерница издадена од Интерпол Тирана, египетските власти успеале да го пронајдат и уапсат Адел Мохамед Салам, кој е обвинет за грабнување на албанскиот рибарски брод „Челепија 2“.
Како што јави дописникот на МИА, бродот, заедно со капетанот Димитер Мајла (54) и морнарот Љуан Мема, Салам го грабна пред шест дена во албанскиот пристанишен град Драч.
Тој изјави дека тоа го направил бидејќи сопственикот на бродот му должи 70.000 евра. Три дена подоцна, сопственикот на бродот, кој тврди дека на Салам не му должи ништо, загубил контакт со бродот.
Албанскиот брод бил пронајден во пристништето Александрија во Египет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО
-
До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа