Град Скопје ги објави поддржаните проекти од културата за 2019
Избрани се добитниците од Конкурсот за финансирање манифестации, проекти и творештво во културата за 2019 година,што Град Скопје го објави на 15 октомври 2018 година.
Град Скопје ги соопшти поддржаните проекти, избрани од 411 пристигнати апликации. Биле оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и од институции од културата во главиот град.
-Тие одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог-проект, односно 56 проценти од пристигнатите пријави. Од поддржаните, 46 се од музичката уметност и изведбените уметности; 43 од областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка, информира Град Скопје, што за конкурсот издвои 16 милиони денари.
Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците се поддржани со 29 отсто од вкупно предвидениот буџет. Град Скопје соопшти дека оваа година посебен акцент бил ставен на поддршката на младински и на студентски проекти.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера