Градежни работи на пречистителната станица за отпадни води во Кочани
Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски го посети градилиштето на пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и направи увид во работите на колекторот дел 1.
- Механизацијата е вклучена целосно, изведувачот WTA и подизведувачот „Жикол“ квалитетно ја извршуваат својата работа и ги решаваат проблемите со подземните води. Регистрираме нормален тек на работите на пречистителната станица, изјави градоначалникот Димитровски.
Раководителот на градежните работи Видое Стојковски информира дека на пречистителната станица се изведуваат подготвителните работи, по што ќе следува подобрување на тлото и бетонски работи.
- Работите се одвиваат според предвидената динамика. Се соочуваме со проблем со подземните води кои се со голем интензитет. Настојуваме со поголем број пумпи да ги совладаме и да се одвиваат сите градежни работи, изјави Стојковски.
Проектот чини 21 милион швајцарски франци од кои 92 отсто се грант од Владата на Швајцарија, 7 отсто од Владата на Република Македонија и 1 отсто учество на општина Кочани и Комуналното претпријатие „Водовод“.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска