Градинките во Гевгелија половично ќе бидат пополнети со деца
Централната детска градинка од Гевгелија денеска ги демантираше гласините што се шират меѓу родителите дека повеќе нема да згрижува и сместува деца кои престојуваа во клоновите во Гевгелија и населените места, и потврди дека тоа и понатаму ќе го врши, но со намален капацитет поради новите правила што ги наметнува пандемијата со корона вирусот.
Заради заштита од вирусот и спречување на неговото ширење, протоколот за работа на градинките предвидува тие да продолжат да работат со 50 отсто од вкупниот број на деца што ги згрижувале до сега и тоа во групи составени од по 6 до 15 деца во зависност од нивната возраст.
Градинките во општина Гевгелија одлучија во новонастанатата ситуација приоритет за згрижување да им дадат на децата на самохрани родители кои се во работен однос и деца чии двајца родители се вработени и мора да се наоѓаат на работното место,а не да работат од дома.
– Поради кусиот временски период контактиравме со родителите и од нив побаравме да достават потврди од работното место како доказ дека се во работен однос. Моментно се разгледува нивната веродостојност и доколку се утврдат нерегуларности,можност за згрижување на деца ќе им биде дадена на други родители, велат од градинката.
До засегнатите родители беше упатен апел за разбирање и трпение бидејќи се разгледувале и други начини за работа на градинките со полн капацитет.
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице