Градоначалничката на Барселона е против еднострано објавување на независност

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау денеска изјави дека е против еднострано прогласување независност од каталонската влада и ги повика шпанските власти да го повлечат полициските засилувања од регионот.
- Резултатите од референдумот на 1 октомври не можат да послужат како основа за прогласување независност, рече Ада Колау.
Инаку, претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон утре вечер планира да се обрати пред каталонскиот парламент на седницата за која некои велат дека е замислена како можност да се прогласи независност на регионот од 7,5 милиони жители, а други, пак, дека седницата ќе биде само симболична.
Пратеникот од каталонската Кандидатура за национално единство, Бенет Салељас денеска изјави дека оваа исклучително левичарска сепаратистичка партија утре, на закажаната седница на парламентот на Каталонија, нема да се согласи со било која друга опција освен прогласување независност.
- Сосема ми е јасно дека оние кои јас ги претставувам нема да прифатат никакво друго сценарио кое не е прогласување на независност и прогласување Република Каталонија, изјави Салелас.
За разлика од него, лидерот на опозициската Социјалистичка партија, Педро Санчез денеска го повика каталонскиот лидер Пучдемон, „сѐ да стопира".
- Ако нѐ гледаш, ако нѐ слушаш- запри сè и немој еднострано да прогласуваш независност, изјави Санчез пред новинарите во Барселона.
Тој рече дека неговата партија ќе ја поддржи акцијата на Шпанија, ако Каталонија утре едногласно прогласи независност.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје
-

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
-

Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
