Градоначалникот на Пробиштип позитивен на коронавирусот
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов позитивен на коронавирусот. Тој за МИА ја потврди информацијата и вели дека од петокот не е на работното место, бидејќи ги почувствувал симптомите, веднаш се изолирал и го чекал резултатот од тестот. Забележува дека тој и вработените во кабинетот и администрацијата комплетно ги почитувале здравствените протоколи. Анастасов утринава во статусот на социјалните мрежи ги извести жителите на Пробиштип.
-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за Ковид-19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна изолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло, вели Анастасов.
Според епидемиолозите во изолација заминуваат и уште шестмина вработени во Општина Пробиштип, а претходно од општинската администрација имале два случаи, кои се во изолација.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар