Градоначалникот на Штип во самоизолација по контакт со заразен пациент
Сашко Николов, градоначалникот на Општина Штип во наредните седум денови е во самоизолација. Информацијата ја сподели Николов на својот фејсбук профил, каде пишува дека во петокот имал контакт со пациент, за кој подоцна се потврдило дека е позитивен на Ковид-19.
Николов е интервентен кардиолог и покрај тоа што менаџира за Општина Штип, тој работи и оперира пациенти.
-Иако во текот на лекарскиот преглед ги преземав сите заштитни мерки, сепак од денес па во следните седум дена одам во самоизолација. Засега се чуствувам одлично, немам никакви симптоми, но поради внимателност и почитување на здравствените протоколи следнава недела ќе бидам во изолација, пишува Николов на својот фејсбук профил.
Николов како градоначалник, но и како лекар апелира граѓаните да се одговорни и дисциплинирани. Посочува дека сведоци сме на нов бран од Ковид 19, затоа како што вели сите да носат маски, одржуваат дистанца, а на тој начин секој си го чува здравјето, но и на најблиските.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници