-->
-->
Графит „ИД доаѓа“ осамна на православна црква во Приштина
-->

На ѕидот на православната црква „Свети Никола“ во Приштина осамна графит „Исламската држава доаѓа“, јави Танјуг.
Парохискиот свештеник во црквата Дарко Маринковиќ изјави дека за инцидентот веднаш била информирана косовската полиција.
- Најлошо од се е што е испишан повик кон терористичка организација против која во овој моемент се бори речиси половина свет, изјави Маринковиќ за телевизијата РТК2.
Графитот се појави во време кога косовските Срби ја одбележуваат 12-годишнината од нивниот погром од Косово, за време на кој беше запалена и приштинската црква „Свети Никола“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
