Графити со закани по живот за Тачи, Курти, Ахмети и Трнава
До претседателот на Косово, Хашим Тачи, градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, неговиот сопартиец и поранешен лидер на движењето „Самоопределување“ Албин Курти и првиот човек на косовската исламска верска заедница Наим Трнава била упатена јавна закана преку испишани графити.
Причина за овие закани, според она што е напишано, е изградбата на големата џамија која е планирана да се гради во населбата „Дарданија“ во Приштина.
Преку графитите испишани на ѕидовите на Филолошкиот факултет во Приштина на сите четворица им се закануваат по живот.
На еден од графитите пишува „Смрт за Наим Трнава и Хашим Тачи-Турчинот“, додека во друг за градоначаликот Ахмети заканата е во оваа форма „Ќе бидеш убиен како пес, долу Самоопределување и Албин-Талибанецот“.
Исто така во графитите стои дека ќе се пролее крв и нема да се дозволи изградба на џамија.
Засега нема информации кој е можниот автор на графитите, а полициската истрага е во тек.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата