Гран-при за претставата „Јами дистрикт“ на ИТФ „Лица без маски“

Гран-при за најдбора претстава во целина на 11. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ доби „Јами дистрикт“ од Србија во режија на Кокан Младеновиќ.
Одлуката ја донесе жири во состав: Нина Николиќ, режисер и претстедател на жирито, и членовите: Дарја Ризова - актерка и Драгана Лукан Николовски - драматург. Според нив, „Јами дистрикт“ е заокружен проект во кој јасно се гледа соработката на целата авторска екипа.
- Занимавајќи се со проблемот на идентитетот во современите општества, особено на Балканот, таа отвора прашања кои вечно остануваат неодговорени. Направена во форма на лажен документарец, проектот јасно покажува дека е производ на темелна анализа и фокусирана работа на сите учесници, чиј краен резултат е претстава во целина која не наведува постојано да се преиспитуваме, но и која длабоко емотивно не допира, стои во образложението на жирито.
„Јами дистрикт“ освои награда и за најдобра режија, која му е доделена на Кокан Младеновиќ зашто, според жирито, успешно ги синхронизира мноштвото приказни и ликови, успевајќи да направат едноставни и совршено јасни преоди во наративната линија.
Наградата за најдобро актерско остварување и е доделена на актерката Нина Нешковиќ, исто така од претставата „Јами дистрикт“, која „низ спректар на различни актерски техники, покажа исклучиетлно моќна и прецизна актерска игра...“
Награда за оригинален концепт доби сензорната претстава „Арктик“, во продукција на шпанскиот независен театар „Понтен Пие“ која, наведува жирито, „на оригинален начин ја воведува публиката во еден сосема нов простор, предизвикувајќи несекојдневно сетилно доживување“.
Единаесеттиот ИТФ „Лица без маски“ годинава од 12-ти до 16 април донесе седум претстави - четири гостински (од Грција, Шпанија, Србија и Косово) и три домашни, а беше затворен синоќа со изведба на претставата „Ла Ла Ла“, во режија на Саша Евтимова, и со доделување на наградите.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
