Гранатирана руската Амбасада во Дамаск

Руската Амбасада во Дамаск е гранатирана вчера, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека станува збор за терористички напад.
Министерството нагласува дека една од гранатите, која е истрелана од област, што ја контролираат бунтовниците, експлодирала во близина на стражарското место пред Амбасадата, додека друга одекнала во близина на влезот на конзуларната служба.
Во нападот нема повредени членови на персоналот на Амбасадата, а материјалната штета се утврдува.
- Потврдуваме дека ќе продолжи руската доследна политика на бескомпромисна борба против терористите во Сирија, порача руското Министерство, осудувајќи го нападот.
ТАСС јави дека областа во Дамаск, во која се наоѓа руската Амбасада била гранатирана два часа.
Во соопштението на руското Министерство се наведува дека една граната завршила на покривот на локално училиште, во близина на руската дипломатска мисија, но таа не експлодирала.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
