Грчка анархистичка група се заканува со интензивирање на напади
Еден член на анархистичката група „Рувиконас“ (Рубикон на грчки) се закани дека групата планира да „стане многу опасна“.
Во интервју за сајтот hitandrun.gr, Јоргос Калаиѕидис изјави дека групата има се повеќе членови и оти планира „да направи подобри, поголеми и почести потези кои ќе создадат уште поголем проблем за државните органи“.
Тој информира дека групата планира да ги интензивира своите активности со „заземање“ на јавни згради, концерти и протести, „но и симболични напади врз разни цели“.
„Рувиконас“ веќе ја презеде одговорноста за неколку напади врз полициски станици, објекти на медиуми, за демолирањето на просториите на Фондот за приватизација, како и за акции против странските дипломатски мисии и уништување на апаратите за билети во неколку метро станици низ Атина.
- Нашата желба е Рувиконас да не биде група, туку тренд. Ние сакаме да бидеме опозициска сила на улица, изјави Калаиѕидис.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис