Грчки експерти за контрола на болести испратени во бегалскиот камп во Идомени

Грчки експерти за контрола на болести се испратени во бегалскиот камп на грчко-македонската граница, за што грчкото Министерството за здравство прецизира дека се работи за превентивна мерка.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во кампот во Идомени, каде има околу 14.000 лица, од денеска почнале да работат две мобилни единици на државниот Центар за контрола и превенција на болести.
Генералниот секретар во грчкото Министерство за здравство Јанис Баскозос прецизира дека во кампот има голем број деца и жени, меѓу кои и трудници, кои имаат потреба од лекар.
Тој додаде дека нема случаи кои би предизвикале паника.
- Ние ја следиме ситуацијата, бидејќи секогаш постои опасност од појава на болести, но нема причина за паника, истакна Баскозос.
Во меѓу време, грчката Влада соопшти дека не планира присилно да ги исели имигрантите од бегалскиот камп на границата со Македонија, но наведе дека врз нив ќе изврши притосок да ги користат новоизградените центри за сместување бегалци во близна,
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
