Грчки медиуми: Утре средба Ципрас – Каменос
Коалициски партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос утре во 10.30 часот по локално време ќе одржат средба, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори.
Според истите информации, Ципрас денес разговарал со Каменос и го поканил утре наутро да се сретнат.
Претходно, медиумите во Грција, пишуваа дека според информации од партијата Независни Грци, средбата е закажана за во понеделник напладне.
Сепак, за утрешниот состанок на двајцата коалициски партнери, на кој ќе разговараат за иднината на нивната соработка во Владата, за сега не постои официјална потврда или најава ниту од кабинетот на Ципрас, ниту од Незавсини Грци, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што вчера објави МИА, иако беше неофицијално најавувано дека Каменос и Ципрас ќе се сретнат вчера, а и самиот премиер на Грција го спомена тоа во неговото интервју во средата, сепак средбата не се одржа, а причината според лидерот на Независни Грци, беше доцнењето на гласањето на уставните измени кај нас.
Вчера попладне, Каменос одржа состанок на пратеничката група на Независни Грци, која што помина без изјави за медиумите, а лидерот на партијата и коалиционен партнер во владата се огласи преку неговиот официјален Твитер профил.
– Единствената наша разлика во коалициската влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа каде што ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Панос Каменос.
Ново на Сител
-
Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини
-
Најмалку четворица загинати при уривање на мост во изградба во Јужна Кореја
-
Средба на премиерот Мицкоски со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата, за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра
-
Трамп: Европа мора да плати за украинската безбедност; Макрон: Не смееме да ја жртвуваме Украина
-
Анкетната комисија за слободите и правата на граѓаните треба да расправа за аерозагадувањето, во петок седница закажа и Комисијата за здравство
-
Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство
-
На Попова Шапка утрово најстудено, температурата денеска од 6 до 12 степени
-
Манчестер Јунајтед ќе го намали персоналот и ќе ги затвори канцелариите ширум светот