Балкан
15. May 2024 - 17:35

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница

Денеска во грчкиот парламент беше искинат Договорот од Преспа кој беше потпишан од страна на Македонија и Грција, а по што Македонија го смени името на државата.

Документот беше скинат од страна на пратеникот Кирјакос Велопулос од Хеленик Солушн, кој на овој начин изрази негодување за случувањата околу прашањето за Северна Македонија.

„Нашиот проблем е логиката со која ја учат својата историја. Дали сакате да разговарате со нив? Ако сакате да ја почитувате солзата на Константинос Караманлис, има едно решение за НД: Ако тој не може, ние ќе го направиме. Ова е договорот од Преспа, ако имаше пристојна национална, патриотска, социјална власт ова ќе го правеше овде“, рече тој и го скина договорот.

Тој додава дека ова е тоа што го залужуваме.

„Самите го искинаа. Денеска донесете ги меморандумите за да гласаме сите против нив“, заклучи тој.