Бизнис
20. August 2015 - 8:28

Грчкиот јавен долг се зголемил на 312,8 милијарди евра

Долгот на централната Влада на Грција се зголемил за 100 милиони евра на 312,8 милијарди на крајот од јуни годинава, во споредба со 312,7 милијарди евра колку што изнесувал во март.

Според податоци на Министерството за финансии, државните резерви на готовина паднале на само 77,3 милиони евра на крајот на јуни, од 796,5 милиони во март.

Во истиот период, грчките државни гаранции паднале на 15,66 милијарди евра, од 15,94 милијарди на крајот од март годинава.