Грчките власти ја испитуваат можноста дека инцидентите на Лезбос се поттикнати
Грчките власти ги зајакнуваат мерките за заштита на границите и ја испитуваат можноста дека реакциите се поттикнати, изјави портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на вчерашните инциденти на островот Лезбос и додаде дека тие ќе продолжат со политиката: да се празнат островите, да се забрза процедурата за азил, а мигрантите кои немаат право на азил да се враќаат во Турција, дописничката на МИА од Атина.
Тој објасни дека веќе се започнати враќања во Турција за сите оние кои немаат право на азил, а минатиот месец биле вратени 85 мигранти, наспроти 391 враќање во текот на 2019 година.
– Се стремиме да ги зголемиме враќањата и во следните три месеци да достигнат до 200 седмично, рече Пецас.
Портпаролот на грчката Влада истакна дека засега не се разгледува можноста да се прогласи вонредна состојба на островите погодени од бегалската/мигрантската криза.
Во однос на тоа дали навистина инцидентите на Лезбос може да се поттикнати, Пецас рече дека тоа ќе го испитаат надлежните и додаде дека во Парламентот веќе е доставен амандман за невладините организации за „да се стави ред на анархијата што постои”.
Во Парламентот денеска ќе се гласа амандманот за Невладините организации
Со цел да се воведе ред и контрола во работата на Невладините организации активни во Грција, а поврзани со бегалците и мигрантите, грчката Влада донесе амандман во Парламентот, што се очекува да се гласа во текот на денешниот ден, а предвидува формирање специјален регистар на НВО.
– Наша цел е да има контрола врз активностите на стотиците НВО што функционираат во нашата земја. Во овој регистар ќе се заведуваат членовите, службениците, но и соработниците на организациите за да постои транспарентност и отчет, бидејќи многу НВО одлучувачи придонесоа во справувањето со проблемот, но други фунционираа на проблематичен и паразитски начин, рече Пецас.
Паралелно, во истиот амандман се вклучени и мерки во висина од 50 милиони евра, од кои половина (25 милиони) се наменети за поддршка на општините во кои ќе се изградат центри за бегалци и мигранти, а другата половина за т.н. Фонд за солидарност за финансирање на локалното население.
Пловните брани се пилот проект
Во однос на пловниот заштитен систем, односно пловните брани кои Владата планира да ги постави, Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, објасни дека тоа е пилот проект, кој, ако се покаже ефикасен ќе се спроведе во североисточниот дел на Егејското Море и истакна дека пловните брани се надополнување на останатите активности за чување на границите.
– Станува збор за пилотско спроведување на една пловна брана, како што се нарекува, за да видиме дали може да функционира врз основа на целите што ги имаме поставено. Да функционира, но да не создава проблеми во морскиот сообраќај, да не претставува опасност за рибарите и да не претставува проблем за луѓето што сакаат да поминат, но кои ќе бидат контролирани. Ако ги исполнува овие цели пловната брана, по пробната работа ќе видиме како ќе се развие во регионот на северноисточниот дел на Егејското Море, во деловите што ќе ги одбереме, објасни Пецас.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!