Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите

Да не се сретнат со грчкиот премиер в понеделник, да ги испратат писмено нивните барања до Владата, да не се повлечат од блокадите, но и да ги интензивираат протестите, одлучија земјоделците од Грција на денешниот состанок одржан во Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.
На неколкучасовниот состанок со масовно учество на претставници на земјоделците од целата земја, била разгледана отворената покана за средба в понеделник попладне од грчкиот премиер, но и следните чекори, а засега, не само што нема да се повлечат, туку и дополнително ќе ги засилат активностите.
Говорејќи на вчерашниот состанок на пратеничката група на Нова демократија, Мицотакис освен што повтори дека Владата е отворена за дијалог, упати и покана до земјоделците за средба, велејќи дека в понеделник попладне, во 17 часот, во неговата канцеларија ќе ја чека делегацијата што ќе биде одредена, „за да разговараме, како што сме правеле многупати во минатото“.
Земјоделците денеска пак, донеле одлука да не одат на средбата и писмено да ги испратат нивните барања до премиерот и надлежните министри, а според државната новинска агенција АНА-МПА, на состанокот било истакнато дека без конкретни решенија и опипливи одговори на нивните барања, дијалогот не може да има суштинска содржина.
Паралелно ќе продолжат со протестите и блокадите низ цела Грција и дополнително ќе ги засилат, што веројатно значи дека и на граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција, нема да има нормализирање на сообраќајот, со оглед на тоа што во изминатите две седмици имаше блокади.
Главниот блок на земјоделците е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса, на автопатот Солун – Атина, што е затворен и сообраќајот се одвива по споредни патишта.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
Блокади се поставени на низа автопати и локални патишта низ цела Грција, со што отежнат е сообраќајот и се одвива по споредни улици, а од 1 декември над 300 трактори се паркирани на граничниот премин Евзони и по неколку часа во текот на денот се блокира сообраќајот за сите возила.
МИА
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
