-->
-->
Грчкото МНР го осуди палењето на турското знаме во Атина
-->
Грција на најкатегоричен начин осудува било каква навреда на националниот симбол на било која земја, а во конкретниот случај на Турција. Таквите чинови се спротивни на културата и традициите на грчкиот народ, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, откако вчера пред грчкиот Парламент беше запалено турското знаме.
За време на собирот за одбележување на Денот за сеќавање на геноцидот врз пондијските Грци во центарот на Атина, според грчките медиуми, знамето било запалено од мала група граѓани, кои веројатно не биле поврзани со организаторите на настанот.
Се создала и мала тензија кога организаторите, се обиделе да ги спречат било какви инциденти, како и да се запали знамето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра