Грција ги олабавува рестриктивните мерки
Скратен полициски час, од 21 наместо од 19 часот, отворање на археолошките локалитети и фризерските салони, но под строги правила и протоколи, во комбинација со зголемување на бројот на тестовите и можноста граѓаните да се тестираат со рапид тестови од аптеките, се дел од новата стратегија на грчката Влада, соопштени денеска на редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Олабавувањето на мерките доаѓа по препорака од надлежната комисија на епидемиолози, а го соопштија заменик-министерот под премиерот надлежен за координација на работата на Владата Акис Скерцос и заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.
Истакнаа дека не станува збор за отворање, туку во предвид е земен заморот на граѓаните од континуираниот карантин, а целта е да се искористат надворешните делови со оглед на тоа дека се подобрува времето.
Скерцос рече дека заморот на општеството, новите мутации на вирусот и зголемено собирање на граѓаните даваат одговор на прашањето „како може да имаме зголемување на новозаразените во време кога земјата е во локдаун?“
Паралелно соопшти дека за целото население предвидени се бесплатни рапид тестови од аптеките, односно за секој граѓани по еден бесплатен тест седмично, со цел зголемување на тестирањата од 300.000 на 10 милиони тестови седмично.
Хардаљас објасни дека одлуката за полицискиот час стапува во сила утре, а фризерските салони ќе се отворат во понеделник.
Археолошки локалитети и парковите, ќе работат под посебни правила, а посетата ќе биде без употреба на возило, туку само пеш или со велосипед.
Дозволено ќе биде и рибарење, но само за оние кои живеат во општини во близина на море.
И понатаму, како и до сега, за секоја активност и секое движење задолжително е испраќање смс порака.
Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е од 11 февруари.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
