Грција и врачи протестна нота на Австрија
Грција и врачи протестна нота на Австрија поради средбата на претставници на земјите од Западен Балкан, свикана од Виена, на која Атина не е поканета.
Нотата му беше врачена вчера на амбасадорот на Австрија во Атина.
Во документот се посочува дека иницијативата на Виена не е пријателска во однос на Грција, иако одлуките, кои веројатно ќе бидат донесени во однос на справувањето со бегалската криза директно ја засегаат Грција и нејзината граница.
Атина нагласува дека одлуката на Австрија е објавена само неколку часа по завршувањето на Европскиот совет, на кој беше разгледан проблемот со бегалците.
Истовремено министерот за миграциска политика на Грција Јоанис Музалас изјави дека Атина ќе ги затегне односите со соседните држави, кои не примаат бегалци, пишува весникот „Етнос“.
Музалас истакна дека Грција ќе врши дипломатски притисок и ќе испраќа протестни ноти.
- Со некои од тие држави ќе се видиме во ЕУ, кога се распределуваат пари за земјоделство или за образование и кога ќе треба да ги поддржиме за членство, рече Музалас.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат