Грција ќе го намалува бројот на бегалци во камповите
Грчката Влада најави дека ќе преземе мерки за намалување на бројот на лица сместени во пренатрупаните бегалските кампови на островите во Егејското Море.
Грчкиот министер за миграции Димитрис Вицас при денешната посета на островот Лезбос, соопшти дека Владата во Атина планира до крајот на септември да го намали бројот на мигрантите сместени во камповите на пет грчки острови од сегашните 15.500 на 6.500, колку што е и капацитетот на овие прифатни центри.
Најавата доаѓа по се погласните протести на локалните жители дека мигрантската криза му нанесува сериозни штети на туризмот, кој е водечки стопански сектор во Грција.
Плановите на грчката Влада за намалување на бројот на лица сместени во бегалските камповите се најавени во време на зголемување на бројот на мигранти што пристигнуваат на грчките острови од територија на Турција.
Предвидено е грчкиот премиер Алексис Цишрас утре да го посети Лезбос, каде веќе се најавени протести на локалните жители
Ново на Сител
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик