Грција ќе преземе построги полициски мерки за справување со сообраќајните несреќи на криумчарите со мигранти
Преземање дополнителни построги полициски мерки за справување со зголемениот број сообраќајни несреќи со возила на криумчари со мигранти, кои го прекршуваат законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во североисточниот дел на Грција, била темата на состанокот што го свикал новиот министер за заштита на граѓаните, надлежен за полицијата Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина.
Сообраќајните несреќи се случуваат на автопатот Егнатија, откако возила на криумчари со мигранти влегуваат на грчка територија од копнената граница со Турција, а доста често возат во спртивна насока или со голема брзина.
Од надлежното грчко Министерство соопштија дека на состанокот било одлучено да се интензивира надзорот на грчката полиција, да се достават предлози до компанијата одговорна за автопатот, а ќе се разгледа и „секое друго соодветно средство за техничка интервенција. во рамките на актуелното законодавство“.
-Строгите безбедносни мерки што се применуваат на границите за справување со нелегалниот влез на мигранти во земјата, ги натераа криумчарите да усвојат нови практики, како што се движење по споредни патишта или дури и возење во спротивна насока на автопатот Егнатиа, со што ги ставаат во опасност животите на возачите и патниците во возилата, соопштија од Министерството за заштита на граѓаните на Грција.
На состанокот учествувале и заменик-министерот за инфраструктура и транспорт, заменик- префектот на областа Еврос, пратеници од Еврос, градоначалникот на Александруполи, началникот на грчката полиција како и претставник од компанијата надлежна за автопатот Егнатија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари
-

Апел за совесно и одговорно фрлање отпад - Се чистат диви депонии во Аеродром
-

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството
-

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен
-

За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје
-

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната една и пол година, вели Мицкоски
-

Загрижувачки тренд поради кој жените се откажуваат од љубовните врски
