Грција нема да ја постигне целта за примарен суфицит како што бараат кредиторите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција нема да биде во можност да ја постигне целта за примарен суфицит во буџетот кога ќе заврши тековната програма за помош која истекува во 2018 година, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
- Ние гарантираме дека ќе постигнеме 3,5 отсто примарен суфицит, дури и ако мора да ја искористиме фискалната сопирачка, но само еднаш во 2018 година, рекол Ципрас на брифингот со новинарите во авионот додека патувал од Кина во Атина на крајот од неговата петдневна официјална посета на Пекинг.
Согласно третата програма за спас на Грција, земјата треба да го зголеми својот примарен суфицит на 3,5 проценти од БДП до 2018 година и да го задржи на тоа ниво. Грција донесе закон за фискален механизам за автоматско намалување на државната потрошувачка ако земјата не ги исполни своите фискални цели. За Ципрас оваа цел е „шега“ и „бајка“.
Меѓународниот монетарен фонд смета дека Грција нема да биде во можност да постигне вишок од повеќе од 1,5 отсто во текот на следните години. Во мај, министрите за финансии од еврозоната и ММФ постигнаа договор кој го отвори патот за нови кредити.
Ново на Сител
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
