Грците од понеделник повторно ќе можат да патуваат низ континентална Грција и на островот Крит
Во понеделник се укинува уште една рестриктивна мерка за Грците, односно забраната за движење вон периферијата на постојаното живеалиште, па така ќе биде дозволено патување низ земјата, но само во континенталниот дел и на островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас рече дека во сите периферии каде што ќе биде дозволено патувањето постојат здравствени структури кои имаат капацитет да се справат со нови случаи на Ковид-19, доколку се појават.
Во однос на патувањето на островите, Хардаљас рече дека намерата на грчката Влада е тоа да се дозволи на 25 мај 2020 година, доколку работите одат непречено.
-Одлуката ќе биде финализирана и го потенцирам ова, кон средината на следната седмица согласно епидемиолошката состојба во земјата, но и на островите, објасни Хардаљас.
Ново на Сител
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија