Македонија
14. October 2024 - 10:34

Грејната сезона почнува утре

Грејната сезона започнува утре, а ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење.

Додека некои училишта и градинки се веќе подготвени, осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1 ноември заради заштеда.

Од ЕСМ информираат дека на барање на општината, испораката на топлинска енергија ќе биде одложена до почетокот на ноември за сите осум училишта кои ја користат нивната услуга.