Груби: Ако се проневери 1 денар од Коридорите 8 и 10Д на Бехтел и Енка да скапеме во доживотен затвор
Ако се проневери еден денар од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д на Бехтел и Енка да скапеме во доживотен затвор, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби во месечното обраќање во Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“.
Тој порача дека не познава ниту еден политичар кој ќе си дозволи во коруптивни активности во проект што го спроведуваат вакви компании, истакнувајќи дека хајката што се води е само за дневна политика.
Груби информираше дека досега не се исплатени средства а првите авансно плаќање за почеток на градежни работи и тоа ќе биде објавено на порталот Отворени финансии.
-Измените на Законот за работни односи, што се дел од пакетот закони за забрзување на реализацијата на проектот, не значат експлоатација на работниците и злоупотреба на нивните права. Не се работи за 60 часови работа, туку за дополнителни часови со согласност на работниците, рече Груби.
Според Груби, во Договорот никаде не стои исплата на пенали, а домашните градежни компании ќе имаат голема корист во тек на целиот градежен процес со тоа што над 51 процент од работите ќе биде од домашни ресурси.
Покрај стопанственици на настанот присуствуваат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, како и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и раководители на други институции поврзани со проектот.
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка