Груби: Бараме уште шест пратеници за уставни измени, нема реконструкција на Владата

Во моментов 74 пратеници во Собранието се „за” уставните измени и ќе успееме да ги обезбедиме гласовите на уште шест пратеници од македонската опозиција, кои недостигаат за двотретинско мнозинство, истакна првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
– Шестмината ќе ги најдеме во проевропскиот дел на опозицијата, каде тој европски дух е во растеж и тоа е очигледно. На кого мислам? На македонската опозиција. Дали мислам на пратеници на ВМРО?
Македонската опозиција не е само ВМРО, рече тој во вчерашното госување во емисијата „Клил плус“ на ТВ21.
На прашањето дали мислат дека ќе добијат гласови и од Левица, Груби одговори дека во опозицијата има и други политички партии во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. – Ја имате Социјалистичката партија, ја имате српската партија, ја имате ромската партија, имате други партии, има и независни пратеници, рече Груби.
За тоа дали со оставката на Горан Милевски од министерска функција се отвори патот и за мала реконструкција на Владата, тој со став дека не е планирана никаква владина рекострукција.
– До овој момент додека сум во студио, не сум запознаен дека ќе има некаква реконструкција на владата, освен оставката на Горан Милевски. Немало разговори во владата за такво нешто. Нема планирани промени, не само во владата туку и на директорските места, изјави Груби.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
