Македонија
31. August 2020 - 1:25

Груби: Од денеска сме едно во владата со СДСМ

Веднаш по изборот на новата Влада, изјава за медиумите даде и Артан Груби од позиција на прв вицепремиер.

Груби им се заблагодари на граѓаните и пратениците за довербата и порача дека од денеска се едно со својот коалициски партнер СДСМ.
Оваа доверба ќе биде оправдана, рече Груби по изборот на новата Влада во која тој ја добива функцијата прв вицепремиер, а ќе го предводи и Министерството за политички систем.

 

Деспина Тодоровска