Груевски: 1.040 семејства го решиле станбеното прашање со владините проекти

Илјада и 40 семејства го решиле досега станбеното прашање преку владините проекти „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“, изјави денеска во Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Со купи куќа за млади, кој што се спроведува неколку месеци, 56 семејства склучиле договор врз основа на што ќе земат огромни субвенции за изградба на куќа, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гевгелија.
Дел од лицата што склучиле договор, додаде, веќе ги повлекле парите од субвенциите и градат куќа, а некои се на почеток со постапката.
- Вкупно склучените 1.040 договори за двата проекта, се голем успех. Тоа се 1.040 семејства што го решиле станбеното прашање и ова е директен начин на помагање да се дојде до сопствен дом не само на оние кои се во најтешка финансиска состојба, туку и на оние кои се вработени, но со заработувачката не се во можност да дојдат до сопствено живеалиште, рече Груевски
Тој рече дека верува оти со интензивирањето на зоните за локации за куќи, ќе се зголеми бројот на лицата кои ќе го користат проектот „Купи куќа за млади’“ затоа што во интензивна фаза е подготовката за изградба на комунална инфраструктура на поголем број локации низ Македонија каде ќе може да се градат поголем број куќи, 100, 200, па и 500-тини. Со тоа, наведе, ќе се овозможи на многу локации почетна цена од евро за метар квадратен за многу млади брачни парови кои ќе можат да изградат сопствена куќа со огромна поддршка на државата или во делот на ратите или во учеството.
- Работите одат добро. Овој проект го планиравме за после изборите, но со оглед дека се пролонгира два пати, решивме да ја почнеме работата веднаш за да видат луѓето дека она што сме го ветиле за после избори го исполнуваме уште и пред изборите, затоа што тоа е наш стил на работење, изјави Груевски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
-

Епидемијата на западно-нилска треска активна – 10 хоспитализирани, двајца на Интензивна
-

Македонската песна „Што ми е мило, ем драго“ стигна до Холивуд, употребена е во филм со актерите Метју Меконахи и Курт Расел
-

Сотирис Минас ја промовираше книгата „Раскинување на договорот“
