Груевски: 20 милиони евра за стартување на првата земјоделска берза во Македонија-Агро пазар
За набавка на високо приносниот добиток за оние кои што се занимаваат со сточарство државата ќе им обезбеди 80% од трошоците доколку сточарот се одлучи да набави и да го замени својот добиток со високо приносен добиток кој што дава дупло или трократно повеќе производ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, појаснувајќи дека проектот продолжува и во иднина.
Исто така, новиот проект Агро пазар е еден од позначајните и е замислен како место што ќе биде еден вид на земјоделска берза.
-Ќе се направи некаде во центарот на Македонија помеѓу Неготино и Демир Капија, каде што ќе бидат изградени повеќе објекти дал од нив ќе бидат за складирање, дел за ладење а главниот објект ќе биде место каде што ќе се продаваат свежите земјоделски производи на македонските земјоделци, рече Груевски.
На тоа место, појасни Груевски ќе биде сконцентрирана најголем дел од понудата и најголем дел од откупувачите и од Македонија и од странство. Додаде и дека ќе може да се плаќа и купува од интернет а ќе бидат инвестирани најмалку 20 милиони евра во набавка на нова опреа и објекти во кој ќе биде сместена земјоделската берза Агро пазар.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот