Груевски: Инвестираме во крупни прокети за подигнување на економскиот стандард

Со трајна стабилизација на Југоисточна Европа широко ќе се отворат можностите за реализација на економски напредок, за поголема соработка на сите земји во регионот во трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Сите ние треба да се стремиме кон реализација на крупни економски инфраструктурни проекти, кои ќе опфаќаат поголем број на држави, и со чија што имплементација следствено ќе се влијае на зголемување на бруто домашниот производ на сите земји партиципиенти и ќе се обезбеди отворање на десетици илјади нови работни места, истакна премиерот Никола Грувски во обраќањето пред ГС на ОН во Њујорк.
На тој начин, додаде премиерот Груевски, ќе продолжиме со стратешките цели за намалување на невработеноста која е суштинска цел од првиот ден на мојот ангажман во политичкиот живот, цел за која ние постигнувамем огромни успеси и напредок во изминатиот период.
- И иако може да звучи нескормно може да кажам дека сме една од позитивните економски изненадувања во Европа, привлекување на инвестиции, развој, инвестиции во крупни проекти од инфраструктурата и други гранки, за подигнување на економскиот стандард на граѓаните, за развој во образованието и културата и во унапредување на стандардите во секоја сфера кои ќе донесат корист и за земјите и за регионот, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
-

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
-

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото
-

Пролетни средби со ММФ
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
